Во текот на ноќта избувнал пожар во објект на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни околу 02:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен објект сопственост на И.К. (51) од Тетово.Во пожарот нема повредени лица.Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за настанувањето на пожарот.
Сподели го овој напис
