52-годишен вработен во ЕВН од Крива Паланка починал додека извршувал работни задачи во атарот на селото Огут, информираат од Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен на 16 јуни во 13:00 часот во ОВР Крива Паланка од Јавната здравствена установа во градот, откако на местото викано „Пољана“ било пронајдено починато лице.По преземените мерки било утврдено дека станува збор за С.Ј. (52) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, кој починал за време на извршување на работните обврски.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина, со цел да се утврдат точните причини за смртта.Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
