Две лица го загубија животот, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на експресниот пат Градско–Прилеп, по исклучокот за Кавадарци.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 11 јуни во 13:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „Шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р. (51) од Прилеп, и патничко возило „Фолксваген голф“, исто така со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (39) од Прилеп.На местото на несреќата животот го загубиле возачот на „шкодата“ и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, која била сопатник во возилото. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.Возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци, по што бил префрлен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Увид на местото на трагичната несреќа извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а се преземаат мерки за утврдување на причините што довеле до судирот.Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец бил во прекин и нормализиран во 17:00 часот.
Сподели го овој напис
