Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Шест пријави за семејно насилство за 24 часа, пет лица завршија во притвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Внатрешна контрола гони полицаец: Без причина удрил приведено лице во Градски парк
МВР
Штипјанец пронајден починат во својот дом, наредена обдукција
МВР
Ноќно пукање во Тетово: Со автоматска пушка стрелал кон куќа, оштетени и автомобил и двор
МВР
Пресметка меѓу две групи во Тетово, двајца 20-годишници со убодни рани
МВР
Пет деца од Велес однесени во „СОС Детско село“, родителите приведени за запуштање и малтретирање
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Шест пријави за семејно насилство за 24 часа, пет лица завршија во притвор

Претрес.мк
Последни промени 12/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Пет лица биле лишени од слобода поради семејно насилство, додека во последното деноноќие во полиција биле пријавени вкупно шест случаи на насилство во семејството, информира Министерството за внатрешни работи.Најновиот случај е регистриран ноќеска во Струмица, каде што била приведена 59-годишна жена од струмичко село, осомничена дека физички ги нападнала својата снаа и малолетниот внук.Во Гостивар бил уапсен 53-годишен маж кој, според пријавата, физички го нападнал својот син, а потоа со остар предмет им се заканувал нему и на неговата мајка.Во Битола, 35-годишник бил лишен од слобода поради напад врз сопругата, на која ѝ нанел повреди, додека во Велес бил приведен 28-годишник кој, и покрај судска забрана, се заканувал на своите родители, оштетил дел од инвентарот во домот и предизвикал страв кај членовите на семејството.Во Куманово, полицијата привела 39-годишен маж осомничен дека физички ја нападнал својата 62-годишна мајка, која според пријавеното подолг период трпела психичко и физичко малтретирање.Шестиот случај бил пријавен во Скопје, каде 41-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Внатрешна контрола гони полицаец: Без причина удрил приведено лице во Градски парк
Штипјанец пронајден починат во својот дом, наредена обдукција
Ноќно пукање во Тетово: Со автоматска пушка стрелал кон куќа, оштетени и автомобил и двор
Пресметка меѓу две групи во Тетово, двајца 20-годишници со убодни рани
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад