Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Засилени контроли низ државата: Санкционирани 1.594 возачи на мотори и електрични тротинети
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Негувателка од Косово била претепана кога сакала да замине од работното место
МВР
67-годишник нападнал 11-годишно дете во училишен двор
МВР
Четири лица меѓу кои и малолетници фатени зад волан без дозвола, полицијата ги одзеде возилата
МВР
Хорор во Тетово: Жена пријавена дека го удирала своето тримесечно бебе во асфалт
МВР
Малолетник и 20-годишник осомничени за кражба во манастир
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Засилени контроли низ државата: Санкционирани 1.594 возачи на мотори и електрични тротинети

Претрес.мк
Последни промени 11/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека во рамки на засилените акциски контроли насочени кон возачите на мотоцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор и електрични тротинети, на територијата на целата држава биле санкционирани вкупно 1.594 прекршоци.Според МВР, реализирани биле 246 акциски контроли и 58 превентивни активности. Од вкупниот број прекршоци, 1.417 се однесуваат на возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, 174 на возачи на електрични тротинети, а три прекршоци биле констатирани кај велосипедисти.Најчест прекршок кај возачите на мотоцикли и мопеди било некористењето заштитна кацига, при што биле евидентирани 962 случаи. Дополнително, 145 возачи управувале под дејство на алкохол, а 70 биле затекнати без соодветна возачка дозвола. Во текот на акцијата биле одземени и 41 мотор.Кај возачите на електрични тротинети најмногу прекршоци се однесувале на движење по несоодветни површини, некористење на предвидените патеки, користење мобилни уреди при управување, како и управување од лица помлади од 14 години.Од Министерството најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Негувателка од Косово била претепана кога сакала да замине од работното место
67-годишник нападнал 11-годишно дете во училишен двор
Четири лица меѓу кои и малолетници фатени зад волан без дозвола, полицијата ги одзеде возилата
Хорор во Тетово: Жена пријавена дека го удирала своето тримесечно бебе во асфалт
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад