Четириесет и седумгодишен жител на Велес се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола врз мопедот што го управувал и паднал на коловозот.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 јуни во СВР Велес, а несреќата се случила околу 15 часот на улицата „Браќа Капчеви“ во Велес.Според информациите, А.А. (47) од Велес управувал мопед „Кимко“ со велешки регистарски ознаки, кога изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
Сподели го овој напис
