Четириесет и тригодишен жител на велешкото село Бузалково, со живеалиште во Скопје, е лишен од слобода откако бил затекнат при обид да изврши кражба во црква кај местото викано „Ветерско“, информираат од Министерството за внатрешни работи.Инцидентот се случил ноќеска околу 2:30 часот, кога полициски службеници од СВР Велес, во близина на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, го забележале Д.М. (43) како излегува од патничко возило „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црковен објект.Откако ги забележал полициските службеници, осомничениот се обидел да се оддалечи од местото, но по преземените мерки и активности возилото било запрено, а тој бил приведен во полициска станица.При службениот разговор, Д.М. го признал делото, а при извршениот преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека биле наменети за извршување на кражбата.За случајот бил известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Сподели го овој напис
