Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пет лица од 17 до 72 години фатени како возат без возачка дозвола
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Мопедист од Илинден почина по тешка сообраќајна несреќа
МВР
Уапсен 33-годишник од Карбинци: Со месеци сексуално злоупотребувал дете и му пренел заразна болест
МВР
Велешанец фатен при обид за кражба во црква кај Ветерско
МВР
Пет лица од 17 до 72 години фатени како возат без возачка дозвола
МВР
Мислел дека резервира стан, останал без пари: Тетовец пријавил интернет-измама
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Пет лица од 17 до 72 години фатени како возат без возачка дозвола

Претрес.мк
Последни промени 10/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Пет лица, меѓу кои и малолетник, се лишени од слобода во акциски контроли спроведени од полицијата во Тетово и Гостивар поради управување возила без возачка дозвола.Како што информира СВР Тетово, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во координација со јавен обвинител, во текот на вчерашниот ден реализирале засилени контроли на патиштата.Во населбата Циглана во Гостивар, во 10 часот биле запрени три мотоцикли управувани од Ш.З. (42) од село Долна Ѓоновица, 17-годишник од Велес и А.Е. (71) од Гостивар. Малолетникот бил лишен од слобода во присуство на инспектор за малолетници.Подоцна, во 11:30 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полицијата сопрела уште еден мотоцикл управуван од М.А. (72) од Гостивар.Во Тетово, пак, во 15 часот на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „Браќа Миладинови“, полициски службеници запреле патничко возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л. (20) од Тетово.По консултација со јавен обвинител, сите пет лица биле приведени и задржани во полициска станица, а мотоциклите и возилото им биле одземени. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Мопедист од Илинден почина по тешка сообраќајна несреќа
Уапсен 33-годишник од Карбинци: Со месеци сексуално злоупотребувал дете и му пренел заразна болест
Велешанец фатен при обид за кражба во црква кај Ветерско
Пет лица од 17 до 72 години фатени како возат без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад