Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
За шест часа казнети 326 возачи: најмногу за возење моторцикл без кацига, а одземено е и едно возило
МВР
Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево
 Предмети
Осум возачи приведени за безобѕирно возење, тројца биле под дејство на алкохол
МВР
Шест лица уапсени за дрога во Тетово, Штип и Скопје
МВР
Низа физички пресметки во Скопје и Велес, приведени повеќе лица
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево

Претрес.мк
Последни промени 07/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица – браќа на возраст од 43 и 44 години – поради сомнение дека како соизвршители сториле убиство во обид, откако во близина на авто-плац кај селото Шишево пукале кон едно лице и го погодиле во главата, а притоа ги довеле во опасност и уште две лица.Според Обвинителството, повод за инцидентот бил претходен сообраќаен контакт при разминување на две возила, кога се допреле ретровизорите и настанала вербална расправија меѓу братот на оштетениот и првоосомничениот. Во таа расправија, осомничениот наводно го фатил оштетениот за врат и му се заканил, но сведоци ја смириле ситуацијата.Подоцна, оштетениот ја земал сопругата од работа и го повикал брат му да провери дали можат безбедно да се вратат по истиот пат. Обвинителството тврди дека во близина на местото на првиот инцидент, двајцата осомничени браќа ги чекале скриени во грмушки и вооружени со пиштоли.„Првоосомничениот испукал два куршуми, при што го погодил братот на првично нападнатиот во главата, нанесувајќи му тангенцијална повреда, а ги загрозил и другите две лица“, наведува Обвинителството.Јавниот обвинител донел Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) и до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.Како причини за притвор, Обвинителството наведува опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и страв дека осомничените би можеле да го довршат обиденото кривично дело.Во оваа фаза станува збор за сомнение и истражна постапка. За вината одлучува судот во понатамошната постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

За шест часа казнети 326 возачи: најмногу за возење моторцикл без кацига, а одземено е и едно возило
Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево
Осум возачи приведени за безобѕирно возење, тројца биле под дејство на алкохол
Шест лица уапсени за дрога во Тетово, Штип и Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад