Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Низа физички пресметки во Скопје и Велес, приведени повеќе лица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Осум возачи приведени за безобѕирно возење, тројца биле под дејство на алкохол
МВР
Шест лица уапсени за дрога во Тетово, Штип и Скопје
МВР
Низа физички пресметки во Скопје и Велес, приведени повеќе лица
МВР
Сообраќајна несреќа на патот Сарај–Матка, камион заврши надвор од коловозот
МВР
Малолетници затекнати со алкохол во угостителски објект во Неготино, две лица приведени
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Низа физички пресметки во Скопје и Велес, приведени повеќе лица

Претрес.мк
Последни промени 07/06/2026
Претрес.мк
Сподели

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала повеќе случаи на нарушување на јавниот ред и мир, физички пресметки и напади на подрачјето на Скопје и Велес, информира Министерството за внатрешни работи.Во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, околу полноќ дошло до физичка пресметка меѓу 33-годишен жител на Свети Николе и 37-годишен жител на скопско село, по претходна расправија.Претходно, во Шуто Оризари, по недоразбирање избувнала физичка пресметка меѓу двајца скопјани на возраст од 49 и 45 години, додека во Општина Аеродром, по вербална расправија, физички се пресметале двајца жители на Скопје на возраст од 56 и 62 години.Во друг случај, 33-годишен жител на селото Булачани пријавил дека во населбата Илинден бил физички нападнат од друго лице по претходно настанато недоразбирање во сообраќајот.Во Долно Соње, пак, 43-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат од двајца малолетници кои ги познавал. Според пријавата, претходно едниот од нив го снимал и фотографирал со мобилен телефон, а при инцидентот бил употребен и тврд предмет.Полицијата постапува и по пријава од 61-годишен жител на Скопје, кој тврди дека во својот дом во Општина Аеродром бил физички нападнат од својата 54-годишна вонбрачна партнерка.Најсериозниот инцидент бил регистриран во Велес, каде што за време на спортска манифестација во Градскиот парк дошло до физичка пресметка меѓу повеќе лица. Полицијата привела шест лица, меѓу кои и двајца 17-годишни малолетници. За случајот бил известен јавен обвинител, а по неговото документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Осум возачи приведени за безобѕирно возење, тројца биле под дејство на алкохол
Шест лица уапсени за дрога во Тетово, Штип и Скопје
Низа физички пресметки во Скопје и Велес, приведени повеќе лица
Сообраќајна несреќа на патот Сарај–Матка, камион заврши надвор од коловозот
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад