Шеесет и тригодишен маж од Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Охрид.Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен околу 16:10 часот на улицата „7 Ноември“, каде Н.М. (63) од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Охрид, а причините за инцидентот се утврдуваат.
Сподели го овој напис
