Тројца жители на пехчевското село Црник заработија кривични пријави откако, според полицијата, со трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумското подрачно стопанство „Равна Река“ кои ги затекнале при бесправна сеча на дрва.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против У.А. (26), Е.Џ. (25) и М.Г. (21), сите од село Црник, општина Пехчево, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.Според пријавата, инцидентот се случил на 6 мај 2026 година на местото викано „Турски гробишта“, каде што пријавените биле затекнати при бесправна сеча на дрва.Во моментот кога двајца вработени во Шумското подрачно стопанство „Равна Река“ ги забележале, осомничените со земјоделска машина – трактор се обиделе да ги прегазат.По преземените мерки и документирањето на случајот, против тројцата е поднесена соодветна кривична пријава.
Сподели го овој напис
