Пожар избувнал во семејна куќа во тетовското село Луковица, при што објектот бил целосно зафатен од огнот, информираат од СВР Тетово.Според пријавата, на 3 јуни околу 15:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на 75-годишниот С.Ј.Огнот ја зафатил целата куќа, а на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица Тетово, која успеала да го локализира и изгасне пожарот.Во настанот нема повредени лица, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.Надлежните служби работат на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.
Сподели го овој напис
