Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 66-годишен жител на Битола, чие исчезнување било пријавено во вторникот вечерта.Според информациите од СВР Битола, на 2 јуни во 20:30 часот, Т.Т. (53) од битолското село Драгожани пријавил дека од домот се оддалечил неговиот братучед В.К. (66) од Битола.По пријавата, полицијата започнала со активности за пронаоѓање на исчезнатото лице и утврдување на околностите под кои се оддалечило од домот.Од МВР информираат дека потрагата е во тек.
Сподели го овој напис
