Вооружен инцидент поради претходни деловни недоразбирања бил пријавен вчера попладне во СВР Скопје, по што едно лице е лишено од слобода.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 јуни околу 14:30 часот, 29-годишниот Е.М. од селото Ласкарци пријавил дека додека работел со свој пријател во објект во изградба на патот Сарај–Матка, на местото пристигнале неговиот татко Е.М. (57) и неговиот чичко С.М. (45), со кои имал претходни деловни несогласувања.Како што навел пријавителот, откако им побарал да го напуштат објектот, тие започнале да пукаат кон градилиштето со пиштол и ловечка пушка, при што било оштетено неговото патничко возило.По преземените активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 57-годишниот Е.М. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки и муниција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сподели го овој напис
