Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 58-годишниот С.А. од селото Брвеница, тетовско, поради сомнение дека сторил кривично дело „полово вознемирување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил во декември 2024 година во патничко комбе со кое пријавениот вршел превоз на патници.Во моментот кога во возилото немало други патници, освен 15-годишна малолетничка од тетовскиот регион, осомничениот извршил полови дејствија врз неа.По преземените мерки и активности и документирањето на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против осомничениот до надлежните институции.
Сподели го овој напис
