Артилериска граната, односно празна чаура од граната од Првата светска војна, била пронајдена во битолското село Снегово, информира Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, случајот бил пријавен на 31 мај 2026 година во 11:30 часот во СВР Битола. Гранатата била пронајдена на стариот пат над германските гробишта во атарот на селото Снегово.Станува збор за празна чаура од артилериска граната со калибар од 75 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна.Од МВР соопштуваат дека на 1 јуни гранатата била безбедно подигната и отстранета од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.Надлежните потсетуваат граѓаните доколку забележат сомнителни или стари експлозивни средства веднаш да ги пријават во полиција и да не се обидуваат самостојно да ги поместуваат.
Сподели го овој напис
