Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична за уништување културно наследство и бесправно градење во Куманово
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со остар предмет ѝ се заканувал на мајка си
МВР
Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола
МВР
Судир на „мерцедес“ и „пежо“ во Битола, две лица повредени
МВР
Граната од Првата светска војна пронајдена во Битола
МВР
Кривична за уништување културно наследство и бесправно градење во Куманово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична за уништување културно наследство и бесправно градење во Куманово

Претрес.мк
Последни промени 02/06/2026
Претрес.мк
Сподели

СВР Куманово поднесе кривични пријави против Ф.Ф. (52) и Л.Т. (52), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторување повеќе кривични дела поврзани со уништување на културно наследство, бесправно градење, узурпација на недвижности и несовесно работење во службата.Според Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во 2023 година срушил и уништил куќа која претставувала заштитен објект на културното наследство, на која била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак.Објектот бил евидентиран како заштитено културно наследство согласно законските прописи и бил дел од програмата за одбележување значајни личности и настани во Општина Куманово.По уривањето на куќата, пријавениот како инвеститор изградил објект од втора категорија без претходно одобрение за градење од надлежниот општински сектор за урбанизам, со што постапил спротивно на Законот за градење. Дополнително, објектот бил изграден на земјиште кое е во сопственост на државата.Втората пријавена, која работела како овластен градежен инспектор, според полицијата несовесно ги извршувала своите службени должности. Таа донела решение врз основа на нецелосно и неточно утврдена фактичка состојба, иако била должна да ја утврди согласно законските одредби за инспекциски надзор и градење.По документирањето на случајот, против двете лица се поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со остар предмет ѝ се заканувал на мајка си
Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола
Судир на „мерцедес“ и „пежо“ во Битола, две лица повредени
Граната од Првата светска војна пронајдена во Битола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад