ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М. (24) и А.М. (21), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 ноември 2025 година кај местото викано „Вила вон град“ во Кочани. Пријавените со тврди и метални предмети физички го нападнале Џ.С. (30) од Крива Паланка, при што му било оштетено и неговото патничко возило.Во врска со истиот настан, ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против Џ.С. (30) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.Според пријавата, истиот ден кај „Вила вон град“, тој со употреба на сила го внел А.М. (21) од Кочани во патничко возило и го задржал во него, додека други лица кои се наоѓале на задното седиште физички го нападнале. По нападот, оштетениот бил изваден од возилото, по што напаѓачите заминале од местото.По целосно документирање на случајот, против сите инволвирани лица се поднесени соодветни кривични пријави.
Сподели го овој напис
