СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А. (36) од кумановското село Черкези поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство врз својата поранешна партнерка.Тој ја следел и вознемирувал користејќи различни телефонски броеви, а воедно ѝ упатувал и закани, со што предизвикал чувство на страв и несигурност кај оштетената.По преземените мерки и целосното документирање на случајот, против 36-годишникот е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Сподели го овој напис
