Пожар избувнал рано утринава во продажен објект на подрачјето на скопската општина Чаир, но благодарение на брзата реакција на обезбедувањето бил навреме локализиран и изгаснат.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 31 мај во 03:41 часот во СВР Скопје.Пожарот избувнал во продажен објект, а бил изгаснат со противпожарен апарат од страна на вработен во обезбедувањето пред да се прошири и да предизвика поголема материјална штета.Во инцидентот нема повредени лица.На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, кои ги утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.
Сподели го овој напис
