Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична за бесправно градење кај Неготино: Ископале канал и поставиле кабли без дозвола
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уапсен скопјанец баран со потерница, треба да издржи затворска казна од година и пол
МВР
Тетовец ја нападнал својата 56-годишна мајка
МВР
Турска државјанка фатена со пасош со фалсификуван печат на скопскиот аеродром
МВР
По напад од невенчаниот сопруг, 31-годишна жена завршила во болница
МВР
Украдени пари од верски објект во Сарај
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична за бесправно градење кај Неготино: Ископале канал и поставиле кабли без дозвола

Претрес.мк
Последни промени 28/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерство за внатрешни работи соопшти дека ОВР Неготино поднело кривична пријава против правно лице од Скопје, австриски државјанин со иницијали В.М. како одговорно лице во компанијата и Р.М. (52) од Гевгелија, раководител на подружница во Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.Според информациите од МВР, на 13 мај 2026 година полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Неготино, заедно со градежен инспектор од Општина Неготино, утврдиле дека пријавените извршиле ископ на канал во должина од околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија на потегот од селото Пепелиште кон селото Војшанци.Како што наведуваат од МВР, градежните активности биле започнати пред да бидат исполнети законските услови, односно пред да биде платен надоместокот за уредување градежно земјиште во износ од 1.502.981 денари и пред да биде издадено одобрение за градба.Инвеститорот претходно поднел барање до Општина Неготино, но постапката не била завршена во моментот кога започнале работите на терен.Со ваквото постапување, според полицијата, била предизвикана штета на буџетот на Општина Неготино во висина од над 1,5 милиони денари.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уапсен скопјанец баран со потерница, треба да издржи затворска казна од година и пол
Тетовец ја нападнал својата 56-годишна мајка
Турска државјанка фатена со пасош со фалсификуван печат на скопскиот аеродром
По напад од невенчаниот сопруг, 31-годишна жена завршила во болница
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад