Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР: Нема незаконско постапување при одбивањето влез на британски државјани на Табановце
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уапсен скопјанец баран со потерница, треба да издржи затворска казна од година и пол
МВР
Тетовец ја нападнал својата 56-годишна мајка
МВР
Турска државјанка фатена со пасош со фалсификуван печат на скопскиот аеродром
МВР
По напад од невенчаниот сопруг, 31-годишна жена завршила во болница
МВР
Украдени пари од верски објект во Сарај
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР: Нема незаконско постапување при одбивањето влез на британски државјани на Табановце

Претрес.мк
Последни промени 28/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди не утврдил незаконско постапување при одбивањето на влез на четворица државјани на Обединето Кралство на Граничниот премин Табановце на 6 мај годинава.Постапката била покрената по објава на социјална мрежа, каде британски државјанин објавил видео на англиски јазик во кое тврдел дека му бил одбиен влезот во државата, а изнел и наводи за поткуп.По извршените проверки, од МВР информираат дека на 6 мај на ГП Табановце за влез во државата се пријавило возило со странски регистарски ознаки управувано од британски државјанин, заедно со уште тројца сопатници, исто така државјани на Обединетото Кралство.При граничната контрола било утврдено дека за возилото недостасувала задолжителната документација потребна за влез во државата согласно законските прописи, поради што не им било дозволено да влезат со возилото.Одделот за внатрешна контрола извршил увид и во снимките од видео надзорот на граничниот премин, како и во боди камерите на полициските службеници.„Утврдено е дека странските државјани во ниту еден момент не влегуваат во некој од објектите на преминот. Исто така, од анализата на видео материјалот не се констатирани околности што укажуваат на противправно постапување или друго незаконско однесување од полициските службеници“, соопшти МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уапсен скопјанец баран со потерница, треба да издржи затворска казна од година и пол
Тетовец ја нападнал својата 56-годишна мајка
Турска државјанка фатена со пасош со фалсификуван печат на скопскиот аеродром
По напад од невенчаниот сопруг, 31-годишна жена завршила во болница
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад