Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Уапсени двајца косовски државјани поради криумчарење мигранти
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без возачка дозвола
МВР
Татко ја нападнал 22-годишната ќерка со дрвен предмет
МВР
19-годишник без возачка се обидел да побегне од полицијата, па удрил во две возила
МВР
Крадел струја со премостена мерна опрема, направил штета од над 180 илјади денари
МВР
Тешко повреден 88-годишен велосипедист во сообраќајка во Ранковце
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Уапсени двајца косовски државјани поради криумчарење мигранти

Претрес.мк
Последни промени 27/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Двајца државјани на Косово се лишени од слобода поради сомнение за криумчарење мигранти, откако полицијата на наплатната станица кај Демир Капија открила седум мигранти од Египет во комбе со косовски регистарски ознаки.Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, на 26 мај во 06:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.Г.(42) и Г.Г.(39), двајцата од Косово.Претходно, на автопатот Гевгелија–Неготино биле запрени возило „фолксваген транспортер“, управувано од А.Г., и „шкода октавија“, управувана од Г.Г. При контролата во комбето биле пронајдени седум мигранти од Египет, а било утврдено и дека возилото „шкода“ служело како претходница.За случајот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по што против двајцата косовски државјани била поднесена кривична пријава по член 418-б од Кривичниот законик.Одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена и тие се спроведени во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.Мигрантите, пак, се сместени во Центарот за баратели на азил во Визбегово во Скопје.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, 17 возеле без возачка дозвола
Татко ја нападнал 22-годишната ќерка со дрвен предмет
19-годишник без возачка се обидел да побегне од полицијата, па удрил во две возила
Крадел струја со премостена мерна опрема, направил штета од над 180 илјади денари
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад