Полициски службеници од ПС Тетово синоќа лишиле од слобода 25-годишник од тетовското село Порој, откако бил затекнат како управува возило без возачка дозвола.Како што информира СВР Тетово, на 25 мај 2026 година околу 20 часот во населбата Дреновец-Порој било запрено патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.М.(25) од Порој.При контролата било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола.Поради сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, тој бил лишен од слобода, а возилото му било одземено.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
