Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра, приведени се возачот и патник
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Бугарски државјанин уапсен на „Богородица“, осомничен за фалсификување исправа
МВР
Го нападнал татко му и со тврд предмет искршил прозорец од домот
МВР
Ограбен 24-годишен турски државјанин во Центар
МВР
Бегале од полицијата по обид за кражба, полицијата пукала предупредувачки во воздух
МВР
Кумановец ја нападнал мајка му
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра, приведени се возачот и патник

Претрес.мк
Последни промени 24/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија.Според информациите од МВР, автобусот бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште.При прегледот на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти полицијата, не постоела соодветна документација и дозволи за транспорт.Дополнително, при контрола кај еден од патниците – 20-годишниот Ф.И. од Теарце – биле пронајдени пет пликоа со различни апоени во вкупна вредност од 34.965 евра.Од МВР велат дека парите биле внесени преку Граничниот премин Табановце без да бидат пријавени, а патникот не поседувал документација за сопственост и потекло на средствата.Возачот и патникот се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, како и прекршување на Законот за девизно работење.По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Бугарски државјанин уапсен на „Богородица“, осомничен за фалсификување исправа
Го нападнал татко му и со тврд предмет искршил прозорец од домот
Ограбен 24-годишен турски државјанин во Центар
Бегале од полицијата по обид за кражба, полицијата пукала предупредувачки во воздух
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад