Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Со лажни извештаи при регистрација на возила извлечени 6,8 милиони денари од државниот буџет
МВР
Граната од Првата светска војна пронајдена кај новите гробишта во Битола
МВР
Излегол од дома пред 2 дена и не се вратил, се трага по 26-годишен гостиварец
МВР
Пронајдена марихуана кај 20-годишник во Кавадарци
МВР
(Видео) Мобилни екипи ловат брзо возење: уапсен 27-годишник од Тетово кој возел мотор со 188 км/ч
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Претрес.мк
Последни промени 24/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, осомничен за кривичните дела „Телесна повреда“ и „Противправно лишување од слобода“.Според обвинителството, осомничениот на 23 мај во раните утрински часови противправно ја затворил, ја држел и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи.Девојката се враќала од матурска прослава кога осомничениот ја пресретнал со автомобил. Таа влегла во возилото, по што тој почнал да вози, ѝ го зел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да замине.„Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација се обидела да го напушти возилото, но осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира“, информира обвинителството.Потоа повторно ја внел во автомобилот и продолжил физички да ја напаѓа со тупаници, нанесувајќи ѝ телесни повреди и крварење од носот.Девојката успеала да се ослободи и со помош на случаен минувач побарала помош.Обвинителството наведува дека постои опасност од бегство, но и дека осомничениот и претходно се јавувал како сторител на насилство и други кривични дела. Дополнително, според обвинителот, начинот на извршување на делото укажува на „особено насилнички и контролирачки порив кон младата жртва“.Поради тоа, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола е доставен предлог за определување мерка притвор.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Со лажни извештаи при регистрација на возила извлечени 6,8 милиони денари од државниот буџет
Граната од Првата светска војна пронајдена кај новите гробишта во Битола
Излегол од дома пред 2 дена и не се вратил, се трага по 26-годишен гостиварец
Пронајдена марихуана кај 20-годишник во Кавадарци
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад