Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тошковски: „Човечкиот живот нема цена, со Фондацијата „Фросина Кулакова“ ќе работиме на побезбеден сообраќај“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пијан тетовец со нож се обидел да ограби казино, полицијата го приведе
МВР
Уапсен скопјанец баран со потерница, треба да издржи затворска казна од година и пол
МВР
Тетовец ја нападнал својата 56-годишна мајка
МВР
Турска државјанка фатена со пасош со фалсификуван печат на скопскиот аеродром
МВР
По напад од невенчаниот сопруг, 31-годишна жена завршила во болница
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Тошковски: „Човечкиот живот нема цена, со Фондацијата „Фросина Кулакова“ ќе работиме на побезбеден сообраќај“

Претрес.мк
Последни промени 22/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерство за внатрешни работи и Фондација „Фросина Кулакова“ денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната свест и зајакнување на превентивните механизми.Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претставници на фондацијата формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.Со договорената соработка се предвидуваат заеднички кампањи за поголема сообраќајна култура, поддршка за жртвите и нивните семејства, како и активности за подобрување на институционалното постапување.„Ова претставува заедничка определба трагедиите да не се повторуваат, човечкиот живот да биде највисок приоритет, а институциите, заедно со граѓанскиот сектор, да создадат посилен и поефикасен систем на превенција, заштита и поддршка“, изјави Тошковски.Тој нагласи дека Министерството продолжува со имплементација и надградба на системот Safe City, како и со нови превентивни политики насочени кон навремено препознавање на ризиците во сообраќајот.Министерот се осврна и на неодамнешната трагична сообраќајна несреќа на скопската обиколница, посочувајќи дека таа уште еднаш ја потврдува потребата од поголема одговорност и почитување на сообраќајните правила.Од МВР порачаа дека остануваат посветени на креирање ефикасни политики за заштита на сите учесници во сообраќајот и зачувување на човечкиот живот како највисока вредност.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пијан тетовец со нож се обидел да ограби казино, полицијата го приведе
Уапсен скопјанец баран со потерница, треба да издржи затворска казна од година и пол
Тетовец ја нападнал својата 56-годишна мајка
Турска државјанка фатена со пасош со фалсификуван печат на скопскиот аеродром
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад