МВР информира дека во последното деноноќие биле регистрирани четири пријави за семејно насилство, при што две лица биле лишени од слобода.Во првиот случај, на 20 мај 2026 година во 17:30 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека неколку дена претходно, во стан на подрачјето на Аеродром, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.И.(29) од Скопје.На 21 мај во 12:10 часот во ОВР Прилеп, прилепчанка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиното момче.Истиот ден во 12:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Б.(36) од Тетово, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 62-годишна мајка и оштетил дел од покуќнината. При алкотестирање кај него биле измерени 1,49 промили алкохол во крвта.Во четвртиот случај, на 22 мај во 02:40 часот, полициски службеници од СВР Велес ја привеле Б.П.(20) од Велес поради агресивно однесување во дворот од семејниот дом.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Сподели го овој напис
