Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: МВР со превентивни акции за безбеден сообраќај, заштита од пожари и спречување бесправна сеча
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР со превентивни акции за безбеден сообраќај, заштита од пожари и спречување бесправна сеча
МВР
(Видео) Таксист удри пешак на пешачки премин кај „Жена парк“
МВР
Четири пријави за семејно насилство за едно деноноќие, две лица уапсени
МВР
По пријава за попречување службени лица, уапсена 28-годишна сопственичката на кравите од кривопаланечко
МВР
Го украл возилото на поранешната девојка и го запалил
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

МВР со превентивни акции за безбеден сообраќај, заштита од пожари и спречување бесправна сеча

Претрес.мк
Последни промени 21/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека во повеќе градови низ државата биле спроведени превентивни активности насочени кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и заштита од пожари и незаконска сеча на дрва.Во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и мото-клубови од градот, реализирале акција „Вози безбедно на мотор“. На возачите им било укажувано на почитување на сообраќајните правила и задолжително носење заштитен шлем, како за возачите, така и за сопатниците.Во Штип и Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип спровеле активности за правилно паркирање и користење сигурносен појас. На граѓаните им било посочено дека користењето сигурносен појас е законска обврска и значително придонесува за личната безбедност. Во рамките на акцијата бил поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и Факултетот за безбедност – Скопје.Во Берово и Пехчево, пак, биле реализирани превентивни активности за спречување пожари и незаконска сеча на шуми. Полициските службеници разговарале со граѓаните за потребата од совесно однесување и заштита на шумскиот фонд, а им било укажано и дека бесправната сеча и предизвикувањето пожари претставуваат кривични дела казниви со закон.Во акциите бил поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР со превентивни акции за безбеден сообраќај, заштита од пожари и спречување бесправна сеча
(Видео) Таксист удри пешак на пешачки премин кај „Жена парк“
Четири пријави за семејно насилство за едно деноноќие, две лица уапсени
По пријава за попречување службени лица, уапсена 28-годишна сопственичката на кравите од кривопаланечко
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад