Полициски службеници од СВР Куманово привеле двајца кумановци кои биле барани по централни потерници за доиздржување затворски казни.Според информациите од Министерство за внатрешни работи, на 19 мај околу 22:00 часот бил лишен од слобода И.С.(40) од Куманово. Тој бил осуден на седум години затвор за кривично дело „разбојништво“, а по судска наредба бил баран за доиздржување на уште четири години и седум месеци од казната.Во исто време бил приведен и Д.Д.(31) од Куманово, кој бил осуден на две години затвор за кривично дело „тешка кражба“. И за него била распишана централна потерница за доиздржување на уште една година и шест месеци затворска казна.Двајцата биле спроведени во КПУ Затвор Идризово за доиздржување на казните.
Сподели го овој напис
