Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: За два дена изречени 1.026 казни, приведени 34 возачи за безобѕирно возење
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тешко повредена 62-годишна жена откако во неа удрил мотоцикл на крстосница во Скопје
МВР
Осум возачи приведени за безобѕирно управување, шестмина возеле без возачка дозвола
МВР
Група малолетници претепале малолетник во училишен двор, нападот го снимале и го објавиле на социјалните мрежи
МВР
Вршел такси-превоз без лиценца, кривична за 36-годишник
МВР
Кривична за директорот и вработени во УХМР за спорни набавки на услуги и промотивни материјали вредни над 487.000 евра
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

За два дена изречени 1.026 казни, приведени 34 возачи за безобѕирно возење

Претрес.мк
Последни промени 18/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатите два дена, 16 и 17 мај 2026 година, во рамки на редовните сообраќајни контроли на патиштата низ државата биле издадени вкупно 1.026 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.Од нив, 316 прекршоци се однесувале на непочитување на пропишаната брзина на движење.Поради безобѕирно управување со возило, лишени од слобода биле 34 лица, од кои девет управувале возило под дејство на алкохол, 24 возеле без возачка дозвола, а едно лице управувало возило и покрај претходно изречена забрана.Во истиот период, по член 300-б од Кривичниот законик биле одземени 23 возила.Според статистичкиот преглед на полициските активности, евидентирани биле и 164 прекршоци за непрописно паркирање, како и 29 санкции за возење под дејство на алкохол.Дополнително, санкционирани биле 107 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем, пет пешаци, како и 99 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 15 нерегистрирани возила и четири возила поради техничка неисправност. Санкционирани биле и двајца возачи поради непочитување на прописите за затемнување на стаклата на возилата.Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тешко повредена 62-годишна жена откако во неа удрил мотоцикл на крстосница во Скопје
Осум возачи приведени за безобѕирно управување, шестмина возеле без возачка дозвола
Група малолетници претепале малолетник во училишен двор, нападот го снимале и го објавиле на социјалните мрежи
Вршел такси-превоз без лиценца, кривична за 36-годишник
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад