МВР информира дека на 12 мај околу 19:30 часот на регионалниот пат Струмица – село Баница, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки излетало од коловозот.Возилото го управувал Ѓ.Т.(60) од Струмица, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди.Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.
Сподели го овој напис
