Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Премиерот шокиран од запирањето на истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Велосипедист се здоби со тешки повреди по судир со автомобил во Скопје
МВР
Трактор излетал од патот во Велес, возачот тешко повреден
МВР
Маж пронајден починат во дом во Волково
МВР
Работник тешко повреден при извршување работни задачи во Чаир
МВР
Приведени четворица возачи без возачка дозвола во четири градови
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Премиерот шокиран од запирањето на истрагата за мазутот во ТЕЦ Неготино

Претрес.мк
Последни промени 13/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше по одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, бизнисменот Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски.Мицкоски рече дека бил шокиран од одлуката и предупреди дека доколку предметот не биде преиспитан, Обвинителството ќе го изгуби кредибилитетот.„Со неверување ја слушнав таа вест. Второ бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, кога ќе ја добие одлуката ќе вложи жалба. И очекувам дека случајот пак ќе се разгледа и повторна анализа“, рече Мицкоски.Тој директно го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал, Ислам Абази.„Ако тоа не се случи, Обвинителството за гонење на организиран криминал го губи својот кредибилитет. Јавноста знае за каков обвинител станува збор кога зборуваме за Ислам Абази“, изјави премиерот.Мицкоски додаде дека разговарал и со јавниот обвинител Ненад Савески, кој, според него, рекол дека не бил информиран за одлуката.„Вчера разговарав и со јавниот обвинител Ненад Савески. Тој рече дека не бил информиран за оваа одлука на Ислам Абази“, рече Мицкоски.Претходно, обвинителката од ОЈОГОКК Катерина Коларевиќ соопшти дека истрагата е запрена бидејќи не биле пронајдени доволно докази за кривично дело, ниту била утврдена штета за државата.Според обвинителството, во услови на енергетска криза, набавката на мазут овозможила ТЕЦ Неготино да произведува струја по значително пониски цени од тие на берзите и со тоа биле избегнати рестрикции.Истрагата беше отворена по кривична пријава на МВР, во која се тврдеше дека преку спорните набавки е направена штета од над 167 милиони евра и постоеле сомнежи за перење пари.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Велосипедист се здоби со тешки повреди по судир со автомобил во Скопје
Трактор излетал од патот во Велес, возачот тешко повреден
Маж пронајден починат во дом во Волково
Работник тешко повреден при извршување работни задачи во Чаир
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад