Обвинителството води предмет против пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, кој е поранешен министер за земјоделство. Тој пред шест дена бил повикан во полициска станица на информативен разговор, потврдуваат од МВР за „Скопје1“, откако вчера оваа информација беше објавена на дел од порталите.За што се однесува предметот, од МВР не откриваат. Познато е само дека Николовски бил на распит кај инспектор од Единицата за економски криминал и корупција.„Во тек се активности, по што, соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од МВР.„Скопје1“ се обиде да стапи во контакт со Николовски, кого го прашавме која е причината поради што бил повикан во станица. Тој до овој момент не одговори на нашата порака.Според неофицијалните информации на кои се повикаа повеќе медиуми, постапката е за наводен тендер и негова злоупотреба. Истиот, според истите информации, бил во вредност од 800.000 евра.
Сподели го овој напис
