Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Бран семејно насилство низ државата: Закани со оружје, тепање сопруги и напад врз мајка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Јамалов: Рекордните резултати на МВР во борбата против криминалот и корупцијата се доказ дека интерпелацијата е неоснована
МВР
Возел со фалсификувана возачка дозвола, кривична за 48-годишник од Тетово
МВР
Му земал 2.330 евра за царинење на мотор, а не ја завршил работата
МВР
Пет лица приведени за семејно насилство во едно деноноќие
МВР
МВР приведе 13 возачи за безобѕирно возење, меѓу нив и двајца малолетници
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Бран семејно насилство низ државата: Закани со оружје, тепање сопруги и напад врз мајка

Претрес.мк
Последни промени 10/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Девет случаи на семејно насилство се регистрирани во последното деноноќие низ државата, а седум лица биле лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работиВо Куманово, полицијата привела двајца мажи. Во првиот случај, 49-годишен кумановец физички ја нападнал својата мајка, додека во вториот, 34-годишник ја нападнал сопругата.Во Скопје, полицијата привела 40-годишен маж кој, и покрај судска забрана за приближување и отстранување од домот, упатувал закани кон својата 68-годишна мајка во семејниот дом во Карпош.Друг скопјанец, 45-годишник, бил приведен откако физички ја нападнал својата 33-годишна партнерка во дом во Аеродром и ѝ се заканувал со огнено оружје. Според пријавата, тој и претходно бил насилен, но случаите не биле пријавувани.Во Бит Пазар бил приведен 34-годишен маж кој физички ја нападнал сопругата, а според пријавеното, подолг период ја малтретирал психички и физички.Полицијата привела и 16-годишник од Скопје, кој во семејниот дом во Центар физички го нападнал својот татко.Во уште еден случај, полицијата извршила службен разговор со 33-годишен жител на скопско село, по пријава дека физички ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет. Жената изјавила дека пет години трпела психичко и физичко насилство, но досега не пријавувала.Во Скопје, 37-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот партнер, турски државјанин, во сместувачки објект на подрачјето на Бит Пазар.Во Штип, полицијата привела 44-годишен маж откако, според пријавата на неговата сопруга, по расправија го турнал нивниот малолетен син.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи и најавуваат соодветни пријави по нивното целосно документирање.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Јамалов: Рекордните резултати на МВР во борбата против криминалот и корупцијата се доказ дека интерпелацијата е неоснована
Возел со фалсификувана возачка дозвола, кривична за 48-годишник од Тетово
Му земал 2.330 евра за царинење на мотор, а не ја завршил работата
Пет лица приведени за семејно насилство во едно деноноќие
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад