Во „Претрес со Ландов“, гостува Јане Ченто – еден од осудените за настаните од 27 април, кој помина повеќе од осум години зад решетки.И по толку време, случајот останува со сериозни контроверзии и отворени прашања: кој ја донел одлуката за отворање на вратите на Собранието, каква била улогата на безбедносните структури, кој стои зад исчезнатите снимки од надзорните камери и дали постоела координирана организација зад целиот настан.Во разговорот ќе се анализира движењето на Ченто на критичниот ден, неговите контакти, сведочењата против него, како и доказите што биле користени во постапката. Ќе се отвори и прашањето за наводни понуди за сведочење, можни политички влијанија и улогата на обвинителството, „испораката“ на судството.Посебен фокус ќе има на сведокот С1 (заштитен сведок), на контрадикторностите во пресудата, како и на тврдењата за организираност и финансирање на настаните.По осум години, имате шанса и вие да го прашате Ченто преку коментари на јутуб во живо. Можат да коментираат сите што имаат ставено сабскрајб (бесплатно).СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО:
Сподели го овој напис
