Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Приведен и малолетник: 14 возачи приведени за безобѕирно возење, седум биле под алкохол – уште се вози без возачка
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Расправија за чамец во Долна Матка прерасна во физички напад: Семејство нападнато од три лица
МВР
Двајца велешани осомничени дека украле накит од домот на 73-годишна жена
МВР
Вработен на акушерско одделение нападнал колешка во Тетово
МВР
Мотоциклист тешко повреден во судир на три возила во Скопје
МВР
Трактор и „голф“ се судрија кај Алешевце, четворица повредени
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Приведен и малолетник: 14 возачи приведени за безобѕирно возење, седум биле под алкохол – уште се вози без возачка

Претрес.мк
Последни промени 03/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Полициските служби во изминатото деноноќие лишиле од слобода 14 лица на територија на државата поради безобѕирно управување возило, при што дел од нив биле под дејство на алкохол, а меѓу приведените има и малолетник без возачка дозвола.Според податоците, пет лица управувале возило без возачка дозвола, од кои едно е малолетно, двајца возеле и покрај активна забрана, додека седуммина биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол.Прекршоците се регистрирани во повеќе градови низ државата – Скопје, Велес, Демир Хисар, Охрид и Тетово, додека алкохолизирани возачи биле затекнати во Свети Николе, Кочани, Кавадарци, Струмица, Гевгелија и Прилеп.Полицијата најави дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Паралелно, во Скопје била спроведена засилена акциска контрола насочена кон возачи на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли, при што биле санкционирани 113 возачи.Од нив, 45 возачи биле казнети за неносење заштитна кацига, 17 за управување без соодветна потврда, а четворица за возење со несоодветна категорија. Евидентирани се и прекршоци за нерегистрирани возила, неносење сообраќајна дозвола, како и движење по несоодветна површина.За време на контролата, еден возач бил лишен од слобода поради безобѕирно управување, согласно член 297-а од Кривичниот законик.Од МВР апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат сообраќајните правила, нагласувајќи дека контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Расправија за чамец во Долна Матка прерасна во физички напад: Семејство нападнато од три лица
Двајца велешани осомничени дека украле накит од домот на 73-годишна жена
Вработен на акушерско одделение нападнал колешка во Тетово
Мотоциклист тешко повреден во судир на три возила во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад