Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ја тепале и гореле со цигари, за потоа да ја тераат да лиже по подот – ужасен случај на врсничко насилство претрпела малолетничка во Ѓорче Петров
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пет лица приведени поради семејно насилство во повеќе градови низ државата
МВР
11 возачи приведени за едно деноноќие: Деветмина без дозвола, двајца пијани зад волан
МВР
Двајца малолетници затекнати зад волан без возачка дозвола во Прилепско
МВР
Маж пронајден мртов покрај превртен трактор во ресенско
МВР
Полициска акција низ државата: 11 лица приведени поради дрога
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Ја тепале и гореле со цигари, за потоа да ја тераат да лиже по подот – ужасен случај на врсничко насилство претрпела малолетничка во Ѓорче Петров

Претрес.мк
Последни промени 27/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Тежок случај на врсничко насилство е пријавен дека се случил во скопската населба Ѓорче Петров, каде малолетничка, според неофицијални информации, била изложена на ужасно малтретирање од три други девојчиња.Според сознанијата, настанот се случил пред Велигден во парк во Ѓорче Петров, познат како „вовче“, каде девојчето најпрво било навредувано, а потоа и физички малтретирано од повеќе девојки со кои учеле во исто училипште.Тие прво вербално ја нападнале, па ја гореле по телото со цигари, за исто така, да ја принудат и да лиже по подот од вовчето во паркот. Неофицијално, за цело време, тие ја снимале.Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се води постапка.„За физички напад врз малолетно девојче на подрачјето на Ѓорче Петров ве информираме дека пријавени се два настана во кои што малолетно девојче на крајот од минатиот месец, на два пати, била физички нападната од неколку малолетнички од истото училиште“, велат од МВР за „Скопје1“.Случајот сè уште не е целосно расчистен, а полицијата работи на негово документирање, при што се повикуваат и се разговара со повеќе инволвирани малолетнички во присуство на нивните родители, како и се прибираат материјални докази.„Притоа во моментов се работи на целосно документирање на настаните, преку повикување и разговор со повеќе инволвирани малолетнички (во придружба на нивни родители), и собирање на други материјални докази (видео записи и слично) во насока на расчистување на случајот. Истиот согласно насоки од ОЈО Скопје и јавен обвинител за малолетници е класифициран по член 386 од КЗ на РСМ“, велат од МВР.Од таму додаваат дека постапката се води за кривично дело насилство, а во меѓувреме полициски службеници вршат контроли во училиштето каде учат малолетничките.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пет лица приведени поради семејно насилство во повеќе градови низ државата
11 возачи приведени за едно деноноќие: Деветмина без дозвола, двајца пијани зад волан
Двајца малолетници затекнати зад волан без возачка дозвола во Прилепско
Маж пронајден мртов покрај превртен трактор во ресенско
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад