Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие се евидентирани четири случаи на семејно насилство на подрачјето на Скопје и Делчево, при што едно лице е лишено од слобода.Во првиот случај, на 23.04.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје, С.Д. (29) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р. (35) од Скопје. Во исто време, Е.Р. пријавил дека бил нападнат од С.Д., при што, според неговата изјава, таа употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во вториот случај, на 23.04.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 61-годишен маж пријавил дека на 22.04.2026 во домот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговата партнерка К.П. и нејзиниот син П.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Во третиот случај, на 24.04.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје, 20-годишна жена пријавила дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер О.В. (18) од Скопје. Лицето е приведено во Полициската станица Центар, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.Во четвртиот случај, на 23.04.2026 во 20:20 часот во ОВР Делчево, 57-годишен маж пријавил дека неговиот зет за ќерка М.Б. од Делчево ја избркал неговата ќерка од домот и не ѝ дозволил да го земе нивното бебе. За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Делчево, а се преземаат мерки за негово расчистување.
Сподели го овој напис
