Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава против вработен во Управа за имотно-правни работи за злоупотреба и фалсификати
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Две лица уапсени во Гостивар и Тетово, пронајдена дрога
МВР
Приведен државјанин на Албанија во Тетово поради непријавен престој
МВР
Кривична пријава против поранешен градоначалник и службено лице за злоупотреба на службена положба
МВР
Две приведувања во Тетово и Гостивар: брзо возење и управување без возачка дозвола
МВР
Тетово: Повеќе лица закачиле знаме на странска држава пред воен објект
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава против вработен во Управа за имотно-правни работи за злоупотреба и фалсификати

Претрес.мк
Последни промени 17/04/2026
Претрес.мк
Сподели

МВР соопшти дека СВР Куманово поднело кривична пријава против Р.А. (45) од Куманово, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение Куманово, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела, меѓу кои „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ и „фалсификување исправа“.Според МВР, пријавениот овозможил донесување и спроведување на решенија за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во корист на Д.Б. и Н.А.А., со што, како што се наведува, било нарушено работењето на управната постапка и овозможено стекнување државен имот без правен основ.Во предметите, како што се посочува, била утврдена недозволена промена на идентитетот на подносителите, при што решенијата биле издадени на лица различни од оние заведени во службените евиденции.Дополнително се наведува дека документацијата не била соодветно евидентирана, содржела контрадикторни податоци, а дел од неа не била достапна, што создава сомнежи за нејзино прикривање или уништување.Според МВР, во решенијата биле внесувани невистинити податоци и наведени непостоечки записници, а не било известено ниту Државното правобранителство, иако тоа е законска обврска.Се додава дека со ваквото постапување е овозможено противправно стекнување на државен имот и е нарушена законитоста на управната постапка.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Две лица уапсени во Гостивар и Тетово, пронајдена дрога
Приведен државјанин на Албанија во Тетово поради непријавен престој
Кривична пријава против поранешен градоначалник и службено лице за злоупотреба на службена положба
Две приведувања во Тетово и Гостивар: брзо возење и управување без возачка дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад