Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 63-годишниот Д.Ј. од Делчево, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.Според МВР, пријавениот, во својство на директор на јавно претпријатие во Македонска Каменица, овозможил вработен референт-инкасант да продолжи да извршува работни задачи и по исполнување услов за старосна пензија. Со тоа, тој бил задржан на работа уште еден месец над законски предвидениот стаж.На овој начин, како што се наведува, на вработениот му била овозможена противправна имотна корист во висина на една дополнителна бруто плата од 52.591 денар.
Сподели го овој напис
