Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Тешка сообраќајка на излез од Кичево кон Охрид: полиција го обезбедува местото, се создаваат големи колони
Новости
Тошковски: Македонската полиција доби 496 нови полициски службеници
МВР
15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола
МВР
Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП во Скопје
МВР
Тешка несреќа кај Градско: Повредени девет лица, две со тешки повреди
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Во живо) Сања Антиќ бара развод од сопругот поради малтретирање: Обвинителството од насилникот направи жртва

Претрес.мк
Последни промени 15/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Сања Антиќ, во „Претрес со Ландов”, говори за пеколот кој го минала како жртва на семејно насилство, но и дека го пријавила ова. Најголем револт е што не ја добила потребната помош од институциите. Таа има две деца, со сопругот стапила во брак по долга врска. По 6 месеци од бракот почнува насилството врз неа.„Немаше причина за ова. Тој ме нападна додека го доев детето кое падна меѓу нас. Го земав детето и му кажав да замине од куќата. По три дена се врати. Заради детето го вратив дома и тоа беше грешка, зошто не се сменија, туку се влошуваа работите. Јас имав здравствен проблем и кога останав без работа, почна психичко малтретирање”, вели Антиќ.Таа здравствено не можела да излезе надвор, а детето ѝ било единствена утеха. Мајка ѝ починала еден месец по венчавањето.„Се надевав дека со доаѓањето на детето ќе се смени. Повторно ме нападна кога бевме сами дома. После пет години поднесов барање за развод кога при напад ми беше загрозен животот. Виновна сум што не го пријавив по првиот напад. Сакаше да одиме во брачно советувалиште за да ме направи неспособна да се грижам за децата”, говори Сања во ,, Претрес”.Таа молчела долго време и сакала договорен развод, но сопругот тоа го одбивал. И се заканувал дека можеби ќе ѝ се случи сообраќајна несреќа.„Бараше да потпишам дека до крајот на животот нема да имам друг маж, само под тој услов ми кажа дека ќе ми даде развод. Ми рече дека со години ќе се влечеме по судови. Не е зависник од алкохол и дрога. На 18 март 2025 дојде и почна вулгарно да ме навредува и да ме колне мене и семејството. Ми кажа дека има и оружје и физички ме нападна. Ми удри шлаканица и ме давеше. Секаде кажав, и во полиција и во обвинителство. Кога виде дека дојде полиција, отиде и сам се пријави и кажа дека јас сум го пријавила, што не е точно. Не сакав децата да живеат во нефункционално семејство и затоа се решив на овој чекор. Обвинителството го направи насилникот жртва. После го тепаше и детето”, вели Антиќ.Во вториот дел од „Претрес”, гостин ќе биде адвокатот Ангел Ѓорѓиев, адвокат на осудените Демирови кои користеле социјална помош, а во исто време поседувале и купувале луксузен возен парк.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Тешка сообраќајка на излез од Кичево кон Охрид: полиција го обезбедува местото, се создаваат големи колони
Тошковски: Македонската полиција доби 496 нови полициски службеници
15-годишник возел „ленд ровер“ без возачка дозвола
Патник физички нападнал возач на автобус на ЈСП во Скопје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад