Вечерва во „Претрес“ – две приказни што отвораат едно исто прашање: дали системот навистина функционира или само формално постои?Во првиот дел, Сања Антиќ зборува за пријавено семејно насилство кое завршува со отфрлена пријава од Обвинителството. Полицијата гледа кривично дело, а обвинителот не гледа докази. Што точно се случило на 18 март кога Антиќ го пријавува поранешниот сопруг? Зошто институциите „не виделе“ доволно? И како изгледа кога жртвата мора сама да се бори со стравот, доказите и процедурите?Во вториот дел – адвокатот Ангел Ѓорѓиев со одбрана на семејството Демирови. Социјална помош на хартија, а станови, гаражи и возила во реалноста. Ако не се од нелегален извор – од каде се парите? Но и која е шемата за да се заработи за ваков лускуз?Следете во живо:
Сподели го овој напис
