Во текот на продолжениот празничен викенд (10–13.04.2026), полициските службеници спровеле засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што се евидентирани вкупно 1303 сообраќајни прекршоци.Од нив, 488 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење.Во рамки на контролите, 57 лица се лишени од слобода за безобѕирно управување со возило, меѓу кои шестмина возеле под дејство на алкохол, 23 без возачка дозвола, а четворица со претходно изречена забрана за управување.Во истиот период од сообраќај се одземени 22 возила согласно Кривичниот законик.Евидентирани се и 164 прекршоци за неправилно паркирање и 26 санкции за возење под дејство на алкохол.Покрај тоа, 19 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитен шлем, а 119 учесници во сообраќајот за некористење сигурносен појас.Согласно Законот за возила, 20 возила се отстранети од сообраќај поради нерегистрација, пет поради техничка неисправност, а 10 возачи се санкционирани поради неправилно затемнување на стаклата.Од МВР информираат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, со апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата за зголемување на безбедноста на патиштата.
Сподели го овој напис
