Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер
МВР
Осум лица приведени поради семејно насилство во претходното деноноќие, пријавени вкупно 14 случаи
МВР
Уапсени 12 возачи: Седуммина возеле без возачка дозвола
МВР
Дивеење на патиштата: 212 км/ч на автопат, три лица уапсени
МВР
Мигрант сакал да се качи на воз во движење, па возот му ја прегазил ногата – пренесен во болница во Гевгелија
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер

Претрес.мк
Последни промени 06/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од Кичево заради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба“ (по чл. 353 став 5 во врска со став 1, во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ), како и против лицето Б.К.(46) од Кичево а заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ (по чл. 353 в, став 1 во врска со чл. 45 од КЗ на РСМ).Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот во својство на градоначалник на општина Кичево, односно како службено и одговорно лице, свесно и со умисла, извршил повеќе временски поврзани дејствија. Притоа во периодот од април 2021 година до ноември 2025 година во рамки на подготвувањето, распишувањето и спроведувањето на Договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на системот за јавно улично осветлување на ЕЛС Општина Кичево, склучен на ден 08.11.2021 со конзорциум од три правни лица две од Кичево и едно од Гостивар прекршил законски одредби содржани во Законот за концесии и Јавно приватно партнерство, како и одредби содржани во Законот за јавни набавки. И на тој начин како договорен орган практично преземал противправни дејствија со цел Договорот за модернизација на уличното осветлување во град Кичево да го додели на нему блиски лица, а со намера за стекнување на противправна имотна корист од големи размери.На тој начин, првопријавениот Ф.Д. нанел материјална штета на буџетот на ЕЛС општина Кичево, од околу 1.621.013,00 евра (или 99.692.345,оо денари), еднаков на износот на исплатените месечни ануитети на конзорциумот приватни фирми до поднесувањето на пријавата.Второпријавениот пак Б.К. пак, во својство на службено лице, вработен во општинската администрација како раководител на Сектор за финансии, воедно и именуван како претседател на Комисијата за спроведување на постапката за Јавно приватно партнерство и именуван втор член на Комисијата за следење, верификување и исполнување на Договорот за ЈПП, во истиот временски период од 2021 до 2025 година, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности. Така што на тој начин дозволил од своја страна да биде прибавена корист од големи размери на штета на буџетот на Општина Кичево.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Ексградоначалникот на Кичево Дехари осомничен е за злоупотреба на 1,6 милиони евра преку тендер
Осум лица приведени поради семејно насилство во претходното деноноќие, пријавени вкупно 14 случаи
Уапсени 12 возачи: Седуммина возеле без возачка дозвола
Дивеење на патиштата: 212 км/ч на автопат, три лица уапсени
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад