Триесет и четиригодишен жител на селото Воѓани, општина Кривогаштани, е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал инцидент во спортска обложувалница и физички нападнал полициски службеник.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил на 5 април 2026 година во 17:30 часот, а лицето било приведено во Полициското одделение Кривогаштани.Според информациите, тој го нарушувал јавниот ред и мир, по што дошло и до физички напад врз полициски службеник.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
