Во изминатото деноноќие, полицијата регистрирала седум случаи на семејно насилство во Куманово, Тетово, Скопје и Кичево, при што четири лица се лишени од слобода, информираат од Министерството за внатрешни работи.Во Куманово, во 10:15 часот, приведен е М.М.(32), кој подолг период физички ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал.Во Тетово се регистрирани два случаи. Во првиот, 31-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот И.М.(31), кој е приведен и задржан во полициска станица. Во вториот случај, 23-годишна жена пријавила психичко и физичко вознемирување од невенчаниот сопруг Ф.Р.(23), кој исто така е лишен од слобода.Во Скопје, полициски службеници извршиле разговор со А.С.(38), кој агресивно се однесувал кон својата партнерка и нејзината мајка. Дополнително, малолетник пријавил дека бил физички нападнат од својот згрижувач, додека 64-годишен маж пријавил дека бил нападнат од сопствениот син.Во Кичево, во раните утрински часови, приведен е Е.Б.(44), кој физички ја нападнал сопругата во семејниот дом.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите.
Сподели го овој напис
