Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Министерот за здравство во „Претрес“: „Треба да се срамиме сите за недостигот на терапија за рак“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Возел со забрана, удрил во дете: уапсен кичевец
МВР
Можни се гужви, има трка па улиците ќе бидат блокирани
МВР
Бран пријави за семејно насилство: Четири лица уапсени за семејно насилство
МВР
(Видео) Министерот за здравство во „Претрес“: „Треба да се срамиме сите за недостигот на терапија за рак“
Претрес
Жена почина од задушување во пожар во Шутка
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Претрес

(Видео) Министерот за здравство во „Претрес“: „Треба да се срамиме сите за недостигот на терапија за рак“

Претрес.мк
Последни промени 04/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека недостигот на терапија за онколошките пациенти е сериозен проблем, оценувајќи дека „треба да се срамиме сите“.Во директен разговор со новинарот Кристијан Ландов, темата беше состојбата на Клиниката за онкологија и недостигот на лекови.„Навистина е непријатно и треба да се срамиме сите“, изјави Алиу.На прашањето дали лично се срами, министерот одговори:„И јас се срамам, бидејќи тоа е дел од процесот“, додавајќи дека негова обврска е да работи за ваквите состојби да не се повторуваат.Ландов, пак, директно го соочи со реалноста на пациентите кои се враќаат без терапија.„Замислете ситуација – се борите за живот, одите на онкологија и ви велат нема терапија. Како ќе се чувствувате?“, праша Ландов, додавајќи дека станува збор за континуирана терапија, а не за обични лекови.Министерот како причина за проблемите ги посочи системските слабости и законските процедури.„Имате закони кои треба да ги менувате. Работиме на дванаесет закони, еден од нив е поврзан со лекови. Целата процедура ќе се скрати – ако траела со месеци, сега ќе трае со недели, со дигитализација и оптимизација“, рече Алиу.Но, Ландов потенцираше дека јавноста не очекува ветувања, туку решенија веднаш.„Вие не сте кандидат за министер, туку ресорен министер. ‘Ќе’ не ме интересира“, му порача тој.Во разговорот беше посочено дека пациенти повторно биле враќани без терапија, а дел од нив биле принудени сами да купуваат лекови на приватно, при што особено погодени се новите пациенти.„Ќе чувствувате ли грижа ако некој пациент го изгуби животот поради недостаток на терапија?“, праша Ландов, отворајќи ја дилемата за одговорноста на институциите.На овие и многу други важни прашања, каде од министерот се бараа одговори одговорност, погледнете тука:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Возел со забрана, удрил во дете: уапсен кичевец
Можни се гужви, има трка па улиците ќе бидат блокирани
Бран пријави за семејно насилство: Четири лица уапсени за семејно насилство
(Видео) Министерот за здравство во „Претрес“: „Треба да се срамиме сите за недостигот на терапија за рак“
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад