Сообраќајна незгода се случила на 02.04.2026 година во 16:55 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, информира СВР Тетово.Во незгодата учествувале две патнички возила „киа“ и „пежо“, при што возилото „пежо“ го управувала 36-годишна тетовка која не поседувала возачка дозвола.Поради претрпен стрес, а имајќи предвид дека станува збор за бремена жена, таа била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош.Возилото е привремено одземено согласно член 297-а од Кривичниот законик, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
